Правилна спортска диета за ефективен тренинг
Оние што се активно или натпросечно ангажирани со спортски активности имаат поинакви потреби од храна отколку оние што не се бават со спорт. Ако сте спортска личност и активно се бавите со некоја активност, мора да јадете секаков вид храна: јаглехидрати, протеини, масти, минерали и вода. За редовен тренинг прво мора да обезбедите високо квалитетна енергија која телото треба да ја троши во текот на целиот ден. Најлесен начин да го постигнете ова е така што секој ден ќе јадете здрав и балансиран појадок, а потоа ќе продолжите со разновидна храна сè до вечерта. Не испуштајте ништо
Јаглехидратите се гориво за телото, кои се неопходни за редовно вежбање и токму затоа мора да јадеме доволно јаглехидрати секој ден. Протеините и мастите исто така се важни и треба да бидат вклучени во исхраната. Не се обидувајте потполно да избегнувате одредени видови храна, како што се мастите, затоа што тоа е речиси невозможно, не само поради тоа што се присутни во секое јадење, туку и зашто се неопходни за здравјето и благосостојбата. Оптимално, помеѓу 20 и 25 проценти од дневните потреби за енергија треба да потекнуваат од мастите. Ако не внесувате доволно масти, тренинзите ќе Ви бидат помалку ефективни. Совети за спортска диета
Треба да јадете пред, за време и по спортската активност, бидејќи тоа помага да се одржи нивото на шеќерот во крвта, што го прави тренингот многу поуспешен. Пијте течности
Додека вежбате мора редовно да пиете течности, бидејќи губите доста преку потта, што пак води до дехидрација. Затоа е важно да пиете доволно течности пред, за време и по тренингот. Во просек, за интензивен тренинг во времетраење од еден час, препорачливо е да испиете околу еден литар вода. Ако сте прејадени
Доколку во текот на тренингот почувствувате мачнина или болки во стомакот, тоа веројатно е знак дека сте изеле високо калоричен или пак тежок оброк. Во иднина, обидете се да избегнувате вакви оброци непосредно пред тренинг. Мастите во диетата мора да бидат незаситени
Тие што се бават со спорт мора да јадат храна богата со сите хранливи материи. Потрудете се најголемиот дел од мастите што ги внесувате да бидат незаситени (маслиново масло, масло од семиња, риба и внимателно одбрани животински производи). Јадете лесна храна
Важно е да имате доволно храна во себе како енергија за тренингот, но исто така важно е да изедете лесна храна непосредно пред тренингот за да не чувствувате глад додека вежбате. Ако почувствувате глад, секогаш со себе носете си енергетски чоколатца од продавниците за здрава храна кои се богати со антиоксиданси.
8 Comments
Sed molestie augue sit amet leo consequat posuere. Vestibulum ante ipsum primis in faucibus orci luctus et ultrices posuere cubilia Curae; Proin vel ante a orci tempus eleifend ut et magna. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Phasellus molestie magna non est bibendum non venenatis nisl tempor. Suspendisse dictum feugiat nisl ut dapibus.
Aliquam erat volutpat. Sed quis velit. Nulla facilisi. Nulla libero. Vivamus pharetra posuere sapien. Nam consectetuer. Sed aliquam, nunc eget euismod ullamcorper, lectus nunc ullamcorper orci, fermentum bibendum enim nibh eget ipsum.
Etiam vehicula urna vel turpis. Suspendisse sagittis ante a urna. Morbi a est quis orci consequat rutrum. Nullam egestas feugiat felis. Integer adipiscing semper ligula.
Proin vel ante a orci tempus eleifend ut et magna. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Ut in nulla enim. Phasellus molestie magna non est bibendum non venenatis nisl tempor. Suspendisse dictum feugiat nisl ut dapibus.
Nullam in semper ipsum. Cras a tincidunt. Etiam a urna tellus. Ut rutrum vehicula dui, eu cursus magna tincidunt pretium.
Proin vel ante a orci tempus eleifend ut et magna. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit.
Dictum gravida. In hac habitasse platea dictumst. Nam pulvinar, odio sed rhoncus suscipit, sem diam ultrices mauris, eu consequat purus metus eu velit. Proin metus odio, aliquam eget molestie nec, gravida ut sapien. Phasellus quis est sed turpis sollicitudin venenatis sed eu odio. Praesent eget neque eu eros interdum malesuada.
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua.