Правилата за здраво слабеење

Правилата за здраво слабеење

Здраво слабеење

Не го ризикувајте своето здравје со разни диети. Слабеењето треба да е здраво, природно и постепено.

ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ:

без гладување, напротив, со 4 до 5 оброци на ден;без броење калории, јаглехидрати, протеини, грами, милилитри;
без киноа, хељда и чиа, ако не ги сакате 
Медитеранска исхрана, со акцент на традиционалната кујна;
опции за оброци ДО 20 минути приготвување;
без 2 литра вода на ден и 2 кила овошје;
И БЕЗ РИЗИЦИ ПО ЗДРАВЈЕТО!

РЕЧИСИ СИТЕ ДИЕТИ ДАВААТ ЕФЕКТ

Доколку немате значителни проблеми со метаболизмот, речиси секоја диета ќе го даде ефектот на намалување на килограмите. Тоа се должи на неколку фактори: прво, самото воведување ред (каков и да е) придонесува кон тоа да се стабилизира внесот на калории во организмот и да започне негативен енергетски биланс.

Второ, диетите автоматски значат и исклучување на висококалоричните храни, едноставно престанувате да се храните со се’ и сешто – и тоа исто придонесува за ефектот на слабеење.

Трето, за жал, голем дел од популарните диети се силно ограничувачки (рестриктивни) и намалувањето на килограмите доаѓа како природна последица. Но, тука се наметнува следното прашање – до кога ќе има ефект од диетата?

РЕЧИСИ СИТЕ ДИЕТИ ДАВААТ ЕФЕКТ … НА КРАТОК РОК!

Тоа е главниот проблем на сите диети: додека траат има ефект, и на денот на престанување – почнува обратниот процес, процесот на повторно покачување на килограмите. Тој феномен на нагорно и надолно наизменично движење на телесната тежина е познат како „јо-јо” феномен. Ќе приметите дека и многумина се рекламираат дека кај нив јо-јо ефект нема, што се разбира, не е точно. Јо-јо ефектот има значајни длабоки физиолошки механизми, не може туку-така да биде победен, и тој се вклучува како одбранбен механизам на телото кое мисли дека почнува да биде загрозено од гладување.

Изменетиот метаболизам е основа на јо-јо феноменот. Така, се развива навика на редовно држење диети, на зимска телесна тежина наспроти летна телесна тежина, на периоди на неконтролирано јадење наспроти периоди на измачување и изгладнување. И сето тоа можеби ќе беше донекаде прифатливо, ако не станеше јасно, како што веќе е, дека јо-јо феноменот силно го нарушува здравјето на долг рок и зголемува ризик од кардиоваскуларни болести и дијабет.

Posted by
admin
admin has not yet written their Bio.
Meanwhile we can say that he already contributed with 25 post(s).

Leave a Comment

*Required fields Please validate the required fields

*

*