Здрави ужинки за успешна диета
За многумина, диетата значи рестрикции во исхраната. Во таа насока, се оди кон елиминирање на ужинките, за да се заштеди на калории.
Но, секој нутриционист ќе ви каже дека ужинките се исклучително важен дел од секоја исхрана, особено диетите, бидејќи често се случува да помине премногу време помеѓу оброците, што знае да биде и контрапродуктивно. Треба само да внимавате ужинките да бидат здрави.
Домашен микс
Здравата ужинка не мора по секоја цена да биде со ниска содржина на масти. Она што е најважно е да ја ограничите порцијата, а со тоа и калориите. Препорачаниот домашен микс се состои од ореви, парченца темно чоколадо и суво грозје. Оваа ужинка ќе ве засити (поради содржаните масти во оревите и шеќерот во чоколадото), а е и многу вкусна. Измешајте околу 30 грама ореви и по една лажица чоколадо и суво грозје. Ужинката содржи околу 250 калории.
Јаболко со нискомасен кашкавал
Оваа ужинка е преполна со растителни влакна, вода и антиоксиданси. Секое овошје или зеленчук е одличен избор за ужинка, но бананите за брзо време можат да ви здодеат. Затоа, пробајте парчиња јаболко и нискомасен кашкавал. Важно е во ужинката да има и малку масти, за да останете заситени подолго. Големината на порцијата е едно јаболко со средна големина и едно парче кашкавал. Ужинката содржи околу 110 калории.
Крекери со путер од кикиритки
Кога сте на диета секако ќе ви се пријадат колачиња. Но, тешко е да застанете на едно и пред да станете свесни за тоа што го правите, веќе сте го уништиле дотогашниот напредок. Затоа, посегнете по два крекери и премачкајте ги со лајт путер од кикиритки. На тој начин ќе добиете одлична мешавина на солено и благо, што ќе го задоволи гладот до следниот оброк. Ужинката содржи околу 150 калории.
Јајца со мајонез
Ако ви е потребна дополнителна енергија, тогаш ужинката треба да биде комбинација од протеини и малку масти. Исечете едно цело јајце на парчиња и една белка и потоа измешајте ја салатата со една супена лажица нискомасен мајонез. Квалитетните протеини од јајцата ќе ви обезбедат енергија со часови, а мастите од мајонезот ќе го забават варењето. Ужинката содржи околу 150 калории.
2 Comments
Non vel leo. Sed fringilla porta ligula egestas tincidunt. Nullam risus magna, ornare vitae varius eget, scelerisque a libero. Morbi eu porttitor ipsum. Nullam lorem nisi, posuere quis volutpat eget, luctus nec massa. Pellentesque aliquam lacinia tellus sit amet bibendum. Ut posuere justo in enim pretium scelerisque. Etiam ornare vehicula euismod. Vestibulum at risus augue. Sed non semper dolor. Sed fringilla consequat velit a porta. Pellentesque sed lectus pharetra ipsum ultricies commodo non sit amet velit.
Primis in faucibus orci luctus et ultrices posuere cubilia Curae; Proin vel ante a orci tempus eleifend ut et magna. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Vivamus luctus urna sed urna ultricies ac tempor dui sagittis. In condimentum facilisis porta. Sed nec diam eu diam mattis viverra. Nulla fringilla, orci ac euismod semper, magna diam porttitor mauris, quis sollicitudin sapien justo.